Филипче: Четворица од пациенти повредени во експлозијата во Романовце се со висок степен на изгореници

Од:

Од вкупно седумте пациенти кои се здобија со изгореници при денешната експлозија што настана од плинска боца во кумановското село Романовце, четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ.

– Четворица се сместени во Клиничкиот центар и тројца во старата Градска болница. Од четворицата сместени, двајца се наоѓаат на Клиниката за пластична хирургија, тоа се двајца мажи на 60-годишна возраст и две жени на 40 и 45-годишна возраст во Одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување. Од тројцата пацинети во старата Градска болница, една жена на 40-на години е во одделот за интензивна нега, интубирана е на респираторна машина, има помлада жена од 20-на години која е бремена, во овој момент се вршат прегледи од страна на гинеколог и едно дете кое има мал процент на изгореници, изјави Филипче.

Додаде дека се преземаат сите мерки на интензивно лекување во старата Градска болница каде е започната хируршката интервенција за обработка на раните на детето, и оти будно ќе се следи состојбата од експертите од пластична хирургија и од дежурните анестезиолози.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи