Филипче: Целосно е реновиран и за 30 отсто зголемен одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Од:

Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската клиника за неврохирургија се реализирани бројни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите и кадровско зајакнување на установата.

„За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел. Извршивме комплетно реновирање и на стационарниот оддел на клиниката, со поставување тоалети во секоја болничка соба. Реновирана и целосно опремена е и детската соба, наменета за најмладите пациенти на оваа клиника. Ги подобруваме условите во нашето јавно здравство за подобри здравствени услуги на пациентите и подобри работни услови на здравствените работници“, изјави министерот Филипче.

Со цел да се унапреди и осовремени третманот на пациентите на Клиниката за неврохирургија, набавена е нова опрема, како што се монитори за одделот интензивно лекување, ултрасоничен нож за сечење ткива, апарат за анестезија, инфузиомати и перфузори, медицинска опрема за интензивно лекување, медицински колички за терапија, топлинска пумпа, респиратори и друга опрема.

Истовремено, се работеше и на кадровско зајакнување на оваа јавна здравствена установа и во изминатите три години на клиниката се реализирани 26 нови вработувања на лекари, медицински сестри, болничари и останат немедицински кадар. Со преземање, на Клиниката се вработени и тројца лекари, кои се на специјализација по анестезиологија.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска