Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Од:

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска средба во Прилеп.

„Бугарите треба да направат навистина еден чекор, еден нивни сосед којшто имаа аспирации да стане земја членка во Европска Унија да се однесуваат по европски. Ако ние стравуваме дека утре може да има некаква блокада на непринципиелна основа, на основа на јазикот, идентитетот итн нека покажат европско однесување и нека кажат дека нема да го има. Толку. Нека кажат не, ние сакаме нашите соседи да се во Европа, еве ќе ви дадеме поддршка, не се грижете нема да има такви барања. Е тоа е вистинска добрососедска политика не само да притискаш некого што е помал и послаб од тебе“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ работи и лобира кај сестринските партии од ПЕС за поддршка на извештајот потенцирајќи дека благодарение на храбрите и државнички политики на владите на СДСМ, денес македонскиот јазик е признат во ЕУ.

„Ние нашиот идентитет и јазикот го потврдивме. Се потпиша договор за првпат со Европска унија – Фронтекс договорот, на македонски јазик, нема ѕвездички, нема фусноти – е тоа е патриотизам,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче