Филипче: Буџетот е празен, ребалансот е тотален дебакл на Мицкоски

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва рече дека ребалансот на Буџетот е јасен доказ за целосниот економски дебакл на Владата на Христијан Мицкоски.

„Гледајте каков дебакл е на секое друго поле. Буџетот е празен, ребалансот е страшен дебакл“, рече Филипче.

Тој предупреди дека државата се движи кон сериозна финансиска криза, без план, без стратегија и без пари за основните потреби на граѓаните.

„Огромен раст на дефицитот, нема предвидени пари ни за соодветен раст на пензиите, пензионерите се изневерени, ни за раст на платите. Нема доволно пари за субвенции во земјоделството. Нема доволно пари за зголемување на социјалните трансфери. Сè е статус кво“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека ова е сериозен проблем за државата.

„Тоа не е обична дебата, тоа е сериозен проблем на државата. Ние одиме кон амбис, притоа немаме стратегија, Владата нема стратегија како таа финансиска дупка ќе ја закрпи“, порача Филипче.

Според Филипче, додека регионот оди напред и користи милијарди евра европски средства, Македонија стагнира и губи пари, реформи и време.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски