Филипче: Благодарност до граѓанските организации кои и во ковид криза ни помагаат – тогаш кога е најпотребно

Од:

По повод Фестивалот на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“, кој се одржува денеска во Градскиот парк, Министерството за здравство упатува огромна благодарност до сите граѓански организации кои се вклучени во унапредувањето на јавното здравство, особено во изминатите месеци со справувањето од светската пандемија предизвикана од Ковид-19.

-Имаме одлична соработка со невладините организации. Тие се нашиот прв партнер, но и коректив во нашето работење. Заеднички направивме многу во зајакнувањето на здравствениот систем. Со граѓанските организации го унапредивме здравјето на сите пациенти. Заеднички го донесовме новиот Закон за прекинување на бременоста, а исто така го подобривме и здравјето на лицата со ретки болести, дијабетес, ХИВ. Внимателно ги слушаме нивните предлози, идеи и сугестии. Тие се активно вклучени во креирањето на политиките, а граѓанските организации и пациентите ги вклучивме и во постапките за набавка на лековите со цел поголема транспарентност и увид во јавните пари. Коронавирусот ни докажа повторно дека тие секогаш се тука кога ни е најпотребно. Се заблагодарувам на сите организации кои во изминатиот период со донации нè не оставија сами и заеднички се бориме и помагаме со состојбата со ковид-19. Се заблагодарувам за грижата и поддршката, нашата соработка продолжува и понатаму. Вратите на Министерството за здравство секогаш се отворени за нив, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска