Филипче: Без непотребни трошоци и со електронски систем за контрола на реагенсите

Од:

Во сите јавни здравствени установи има доволно реагенси, а сите директори на ЈЗУ беа задолжени да ги обезбедат со цел непречено да функционираат лабораториите во рамките на институциите, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на едукативната обука за ИМП и менаџирање ресурси за унапредување на здравствениот систем.

– Малку не забавуваат овие избори и тоа што не можеме сега да спроведеме одредени постапки, но целта е повторно да одиме кон централизација. Нашата анализа покажа дека непотребно се трошат огромни количини реагенси во огромен број лаборатории. Значително ќе се намалат трошоците, ќе го рационализираме системот, непотребните трошоци ќе ги нема и ќе воведеме електронски систем за контрола на реагенсите кои се трошат, рече Филипче, во врска со тендерот за набавка на реагенси.

На прашање дали по изборите ќе биде распишан тендерот рече дека прават подготовки и одат во таа насока.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска