Филипче: Ако опозицијата не го кочеше заемот од Светска банка, сега наместо една ќе имавме 16 опремени модуларни болници

Од:

Опозицијата се однесува апсолутно нерационално и апсурдно, организира протести на кои не си почитуваат мерките за заштита, а не оди на избори, наводно поради пандемијата – рече Министерот за Здравство Венко Филипче вечерва на партиска трибина во Штип за промоција на кандидатот за градоначалник Сашко Николов.

– Што да се каже за луѓе на кои во потсвеста им стои името на премиерот Зоран Заев, ги оптеретува, со тоа се будат и заспиваат и свесни се дека прават нешто што не треба. Ако опозицијата не го кочеше заемот од Светска банка, сега наместо една модуларна болница, кај Инфективната клиника, ќе имавме 16 опремени модуларни болници, сега ќе бевме подготвени, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти, рече Филипче, нагласувајќи дека во брза динамика ќе се реализира нивно поставување.

Филипче ги повика граѓаните на Штип на 13. декември да излезат на изборите кои како што рече ќе биле целосно безбедни по јавното здравје.

Би можело да ве интересира

Во периодот август-септември од Ковид-19 починале 1.033 лица, позитивни на вирусот биле над 32 илјади граѓани

18 починати и 525 новозаразени од Ковид-19

А1он

78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

А1он

28 починати и 526 новозаразени од Ковид-19

А1он

Трета доза вакцина за сите над 60 години, здравствените работници и за лицата со имунокомпромитирани состојби

Мери Јордановска

Царовска: Ја следиме состојбата со Ковид-19 во училиштата, највисок приоритет е да останат безбедни и отворени што подолго

Ана Ололовска