Филе: Земјите-членки одлучија да не ја стават Македонија на агендата за Европскиот совет

Од:

Одлуката за Република Македонија воопшто да нема ниту заклучок, ниту датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија на претстојниот Самит на Европскиот совет, е на земјите-членки на Унијата.

По завршувањето на денешниот состанок на Советот за општи работи (ГАК), на кој министрите за надворешни рбаоти на земјите од ЕУ дообрија отворање на пристапни преговори со Србија најдоцна до јануари 2014, а најрано во октомври годинава, Филе нерадосно се осврна и на ситуацијата со Македонија.

– Земјите-членки одлучија да не ја стават БЈР Македонија на агендата. Сепак, јас денеска ги информирав министрите за писмото кое го добив од македонскиот претседател во однос на тоа дека во БЈР Македонија, кој ме информира дека започна со работата Комисијата за истрага на настаните од 24 декември 2012 година, што произлезе од договорот за ставање на крај на политичката криза во земјата постигнат на 1 март. Едноставно, денеска немаше дискусија за ова прашање, конкретизираше Филе.

Во исто време, комесарот за проширување ги повика Македонија и Грција, како според него, две земји инволвирани во наоѓање на решение за прашањето за името, да вложат напори во однос со неодамнешниот предлог на Метју Нимиц, кој е претставник на генералниот секретар на Обединетите нации.

Во однос на одлуката за Србија, Филе посочи дека Советот донел одлука за давање на препорака на Европскиот совет в петок да донесе одлука за отворање на преговорите за членство. Притоа, тој посочи дека Европската комисија е поканета да подготви преговарачка рамка без одложување, што потоа треба да ја одобри Советот и да одреди кога да биде формирана Меѓувладината конференција за почеток на преговорите.

– Тоа може да се случи најрано во октомври, а најдоцна во јануари 2014 година. Ако земјите-членки се договорат, тогаш ЕК ќе биде подготвена и да стартуваме веќе во октомври со фокус на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на владеењето на правото и на слободата на изразување. Во секој случај, нема други дополнителни услови за оваа земја, посочи Филе.

Во однос на Косово, еврокомесарот потврди дека е испратена покана до Европскиот совет на претстојниот Самит да го одобри почетокот на преговорите за потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје