Филе загрижен, препораката за преговори условена!

Од:

Kомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, на прес-конференцијата во Стразбур при презентирањето на Специјалниот извештај за Македонија истакна дека не е задоволен од тоа како тече имплементацијата на договореното помеѓу партиите од 1 март, кога во Македонија тој ја одигра клучната улога за договор меѓу власта и опозицијата, со која се надмина политичката криза во земјава.

Филе експлицитно не спомна дека останува препораката за почеток на преговорите со ЕУ, што значи дека таа овојпат е условена од тоа дали ќе се формира анкетната комисија за расчистување на инцидентите од 24 декември, дали ќе се продолжи дијалогот со новинарите, како и дали ќе се склучи меморандумот за соработка помеѓу партиите.

Тој на прес-конференцијата изрази загриженост од неспроведувањето на договорот за излез од политичката криза меѓу власта и опозицијата.

Изразувам загриженост дека договорот од 1 март кој помогна да се надмине кризата е далеку од имплементиран и ги повикувам политичарите уште од мојата последна посета да направат екстра напори за да ја покажат нивната заложба за спроведување на договореното од овој договор, фирмирањето на анкетна комисија, меморандумот за разбирање и продолжување на дијалогот со новинарите – порача Филе.

Односите со соседите, според еврокомесарот, останале добри и биле преземени чекори во однос на Бугарија и на Грција. Тој рече дека разговорите кои се во тек околу новиот предлог на медијаторот за спорот со името, Метју Нимиц, се нов импулс кој дава надеж дека овој предлог ќе доведе до решение.

– Минатата недела имаше нов предлог од медијаторот на Обединетите нации во разговори со двете страни во Њујорк, со надеж дека ова може да доведе до договор – рече Филе.

Тој истакна дека извештајот констатира напредок во областите, но не ги штедеше критиките во областа на слободата на медиумите и и забележа на владата дека не сторила ништо од договореното на 1 март, таа да го врати дијалогот со новинарите.

Во извештајот кој денеска беше презентиран во Стразбур, во тој дел се нагласува дека довербата мора да се врати, а во однос на новиот закон за медиумите, се наведува дека суштински е во подготовка на новата регулатива за медиумите да бидат вклучено засегнатите страни.

Има постојани грижи околу самоцензурата, сиромашните работнички права и пристапот на јавноста до објективно известување. За време на изборите набљудувачите забележаа небалансирано известување од страна на јавниот сервис и приватните ТВ станици, пишува во пролетниот извештај.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини