Филе против бојкот, опозицијата за техничка Влада

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе упати повик СДСМ да се врати назад во Парламентот со образложение дека Унијата не прифаќа бојкоти.

Овој став кој еврокомесарот него кажува првпат, дојде по неговата средба во Брисел со претседателот на СДСМ Зоран Заев и и заменик претседателот, Радмила Шеќеринска. -Напуштањето на демократските институции ги слабее истите, а силни демократски институции се во интерес на земјата, се вели во соопштението на Штефан Филе.

Во соопштението на СДСМ пак, по средбата се вели дека на Филе му пренеле зошто не го признаваат изборниот процес, но и дека се подготвени за разговори со власта за формирање техничка влада и за механизми за фер избори.

-На средбите се разговараше за проблемите со коишто се соочи Македонија, во светло на Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, како и проблемите на селективна правда и на загрозени медиумски слободи во земјава, пишува во соопштенито од СДСМ. Сите овие причини Заев и Шеќеринска ги навеле како клучни да не се признава изборниот процес и опозицијата да не се враќа во парламентот. Тие посочиле дека власта е одговорна што не може да дојде до израз волјата на гласачите.

Заев и Шекеринска на средбата истакнаа дека токму тоа се причините за непризнавање на изборниот процес и за неучество на опозицијата во Парламентот. Тие укажаа дека опозицијата е целосно свесна за тежината на нивната одлука, но дека кај власта е одговорноста што не може да дојде до израз волјата на гласачите.

Филе укажал дека Владата мора инто да ги реши сите недостатоци кои упорно се повторуваат во сите извештаи на Европската Комисија -Новата влада има јасна одговорност за медиумската пристрасност за време на изборите, како и за недостатокот на поделеност на државните од партиските активности, се вели во соопштението на Штефан Филе. Тој укажува дека изборните нерегуланорности детектирани од мисијата на ОБСЕ – ОДИХР се подвлечени и во извештајот за напредокот на Македонија и нивното решавање мора да биде брзо.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ