Филе на Твитер: Слободата на медиумите е се уште голем предизвик за нашите земји-партнери

Од:

Еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, излезе со коментар по објавувањето на листата на „Репортери без граници” за нивото на слобода на медиумите во земјите од светот.

Македонија беше на 94 место цега е 116-то место на листата, што претставува најлоша оценка досега.

Со оглед на тоа што на оваа листа лошо котираат голем број земји-членки, но и кандидати за членство во Унијата, Филе излезе со објава на својот профил на социјалната мрежа „твитер”.

– Слободата на медиумите се уште е голем предизвик за нашите земји-партнери. Тие мора да се подобрат во оваа сфера. Медиумите мора да се почитуваат. Тоа е една од основните вредности во Европската унија – гласи “Tвитот” на првиот човек за проширување на ЕУ, каде не издвојува ниту една земја, туку говори општо.

Во рамки на преговорите за пристапување во Унијата, каде покана како кандидат чека и Република Македонија, поглавјето за слободата на изразување и слободата на медиумите е едно од најглавните и најтешките и поради тоа Филе и Европската комисија бараат чисто досие во оваа сфера од сите земји, вклучувајќи ги и членките. А, како што е познато, социјалните мрежи, посебно „твитерот”, го користат сите официјални лица на Европската унија, при што нивните „твитови” се земаат и како нивен официјален став оти истите тие ги објавуваат и на своите официјални интернет-страници.

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он