Филе на 9. април повторно во Скопје

Од:

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, на 9 април, веднаш по вториот изборен круг, ќе допатува во Скопје во придружба на првиот човек на директоратот за проширување, Стефано Санино, јави Канал 5.

Целта на посетата е високиот пристапен дијалог што Македонија го води со Европската комисија, но се очекува да бидат пренесени и првичните оценки за вонредниот извештај на комисијата за земјава.

Освен заедничката средба на владината делегација и онаа на европската комисија, Филе ќе има одделни средби со премиерот Груевски, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и најверојатно со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати