Филе: Можно е Македонија да започне преговори кон средината на годинава

Од:

Можно е Македонија кон средината на годинава да го почне процесот за интеграција во Европската унија, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за австрискиот весник „Клајне Цајтунг “ кое денеска го пренесуваат грчките медиуми.

Според него, Македонија и Србија кон средината на годинава можат да ја започнат интеграцијата во Унијата, но нагласи дека „тоа сепак зависи од земјите-членки“. Филе истакна дека, според него, во Унијата „нема замор од нови интеграции“.

– Двата главни столба на ЕУ, кои се движечка сила уште од нејзиното основање, се проширувањето и продлабочувањето на интеграцијата кои се поттик за Унијата и нејзините граѓани, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Филе.

Тој рекол дека иако вниманието сега е фокусирано на решавање на финансиската и должничката криза во Европа, посочил оти не верува дека процесот на проширување е проблем, туку напротив – секогаш е дел од решението.

Еврокомесарот за проширување информира и за текот на преговорите за пристапување на Турција, Исланд и Црна Гора. Според него, „исклучително важно“ е да продолжат преговорите за пристапување со Турција. Ирското претседателство во ЕУ би можело да биде пресвртна точка и Анкара треба да се охрабри во напорите за спроведување на реформите, оценува Штефан Филе.

file-intervju file-intervju1 file-intervju12

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството