• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Филе: Јасна перспектива за членство само за оние што се посветени на вредностите на ЕУ

by А1он09/05/2013 - 11:4709/05/2013 - 19:22173
Share0

Постои јасна перспектива за европска интеграција на сите земји во регионот на Западен Балкан, но тоа бара вистинска определба и напори во работата за воведување на европски стандарди и вредности.

Добивај вести на вибер

Ова е пораката на комесарот за проширување и европска соседска политика Штефан Филе до граѓаните на земјите од Западен Балкан и нивните европски амбиции упатена по повод Денот на Европа, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Денес е важен ден за Европа. На Денот на Европа е време да се потсетиме што е европскиот проект и што е потребно да се биде дел од Европската унија. Пред повеќе од 60 години, Роберт Шуман ја формулираше својата визија на уште поблиска унија на европските народи. Па дури и денес, ние ја придвижуваме оваа идеја напред. Хрватска наскоро ќе стане 28-ма членка и “чекалната на Западен Балкан“ се уште е далеку од празна. Ова покажува дека визијата на Шуман продолжува да инспирира и да се зајакнува европската стабилност и напредок, порача Филе.

Според првиот човек за проширување на Унијата, влезот на Хрватска додава нова динамика за проширувањето на Европската унија. Тој вели дека ова праќа силен сигнал до целиот регион за тоа што може да се постигне кога ќе се направат потребните напори.

– Има охрабрувачки резултати и во некои други делови на Западен Балкан. Србија и Косово неодамна постигнаа историски договор и Црна Гора се движи напред во процесот на пристапување, додава еврокомесарот.

Според Филе, перспективата за европска интеграција останува отворена за сите земји во регионот, но потенцира дека “тоа не е бесплатно возење“.

– Таа бара вистинска определба и напори и бара лидерите да размислуваат и да дејствуваат на европски начин. Членството во Европската унија е реална перспектива, но само за оние кои се навистина заинтересирани за прифаќање на принципите на ЕУ. Ова е патот за напред за целиот регион. Европската интеграција е за градење на заедничка, постабилна и попросперитетна европска иднина. Тоа е она што граѓаните на земјите од Западен Балкан го заслужуваат, потенцира Филе.

evropa

Би можело да ве интересира

Европа во страв: Руските нуклеарни закани предизвикуваат загриженост

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:40

„Политико“: Европа размислува како да го ограничи Трамп

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:20

Европа испраќа 34 војници да го „одбранат“ Гренланд од САД

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:09

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски11/01/2026 - 22:0311/01/2026 - 22:04

Европа му одговори на Трамп: Гренланд му припаѓа на неговиот народ и за тоа се прашува Данска

Предраг Петровиќ06/01/2026 - 13:3206/01/2026 - 13:36

Полска алармира: Слабата и разделена Европа го губи кредибилитетот

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен