Филе и Вигенин разговарале за Македонија

Од:

Шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин на средба во Брисел со еврокомесарот Штефан Филе го информирал за текот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија за договорот за добрососедство и за позицијата на Софија во врска со отворањето на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Бугарското МНР денеска соопшти дека на средбата била разгледана и иницијативата за соработка меѓу Европската комисија и земјите од Западен Балкан, како можност за интензивирање на реформите во регионот. Детали за содржината на разговорите Вигенин – Филе не се соопштуваат.

Бугарскиот весник „Труд“, пак, во контекст на разговорите Вигенин – Филе пишува дека позицијата на Софија во однос на Македонија останува непроменета – Бугарија не се согласува Скопје да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ се додека не биде потпишан билатералниот договор за добрососедство. Весникот наведува и дека последната рунда бугарско-македонски преговори за договорот се одржале на 17 септември и оти било договорено двете страни да работат на взаемно прифатливи решенија во однос на спорните прашања.

Европската комисија на 16 октомври треба да го објави извештајот за напредокот на Македонија и другите земји од Западен Балкан. ЕК од 2009 година препорачува Македонија да ги почне преговорите за членство, но земјите членки не можат да го постигнат потребниот консензус поради противењето на Грција која го условува со претходно решавање на спорот за името, а во последниот период и на Бугарија која бара да биде потпишан билатерален договор за добрососедство.

Би можело да ве интересира

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Нов пакет за Киев: ЕУ нуди постепена интеграција наместо брз пристап

Дизен: Европа е предупредена за голема катастрофа

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата