(ВИДЕО) Филе: Хашката пресуда не е решение на проблемот

Од:

За прв пат, еврокомесарот Штефан Филе на отворена средба и пред медиумите, во Советот за евроинтеграции говореше за напредокот, но и за идните задачи.

Од Филе пофалби. Се исполнуваат реформите во пет клучни области од дијалогот на високо ниво. Отворањето на законските решенија за декриминализација на клеветата, финансирање на партиите, реформи во изборниот законик, владеење на правото, напомена, етничкото ривалство не води никаде.

Филе рече дека меѓуетничките тензии не водат никаде и јасно порача – вие сте горд народ, дојде време да не гледате во минатото бидејќи, тоа ве спречува да гледате во иднината.

„Би сакал, но пресудата од Хаг не е решение на проблемот со името. Таа гледа на минатото, а ние говориме за иднината“, изјави Штефан Филе.Денеска дојдов со мала загриженост во однос на работата на политичките партии, кои се целат кон сопствените политички бази за сметка на политичката стабилност. Можеме да пратиме колку сакаме пораки од Брисел дека тој пат не води до никаде. Вие сте тие кои имате потенцијал да согледате дека сево ова има потенцијално негативни импликации врз сее’ што правите, но пред се врз придвижувањето кон Европската унија“, истакна Филе.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“