Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи смета дека падот на земјата за 12 места на Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнал“ е резултат на судските скандали во последната година од претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ.

Коментирајќи го извештајот, Фетаи на неговиот профил на Фејсбук напиша дека тој покажува дека владеењето на СДСМ и ДУИ било корумпирано и нетранспарентно притоа споменувајќи ги и измените на Кривичниот законик со кои се овозможила амнестија за повеќе од 200 кривични предмети.

– Репутацијата на земјата во борбата против криминалот дополнително е нарушена и од скандалите во Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, избрани за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, додава Фетаи.

Според него, новата Влада ги адресира стратешките приоритети, како што се реформите во правосудството и борбата против организираниот криминал и корупцијата, чие спроведување ќе донесе конкретни резултати. Во таа насока, тој го истакнува и иницирањето за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски и интерпелацијата за членовите на Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие