Фестивал „Ѓурѓовденски обичаи“ во кочанско Оризари

Од:

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ и месната заедница од населбата Оризари, Кочанско се организатори на етно-фестивалот „Ѓурѓовденски обичаи“ што годинава се одржува по петти пат.

Фестивалските содржини започнаа синоќа во соседната општина Зрновци со дефиле и концерт на фолклорни ансамбли од Делчево, Радовиш, Кочани, Оризари и Босилеград – Република Србија.

Во текот на денешниот ден се одржуваат натпреварите во влечење јаже, скокање во вреќа, носење јајце во лажичка, а ќе бидат претставени и традиционалните ѓурѓовденски обичаи биење млеко, подготвување масло и сукање зелник проследени со песни и ора.

– Наша цел е да го зачуваме и претставиме материјалното и духовното богатство поврзано со празникот Ѓурѓовден, со што го славиме будењето на пролетта и животот воопшто. Со тоа ја продолжуваме традицијата според која овој ден во нашиот крај го означувал периодот на интензивни активности во земјоделието и сточарството, истакна м-р Александар Тошев, претседател на Советот на фестивалот „Ѓурѓовденски обичаи“.

Фестивалот ќе заврши вечерва со фолколорен концерт во Оризари на кој ќе настапат фолклорни групи и ансамбли од Македонија, Бугарија и Србија.

Манифестацијата е финансирана од Министерството за куктура на Република Македонија, од Општина Кочани, како и од локалниот бизнис сектор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот