Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, е задржан во 30-дневен притвор поради сомнеж за примање поткуп.
Според Основното јавно обвинителство, Стафа во периодот од октомври до декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра за да посредува кај судија во Апелациониот суд Скопје и да влијае за укинување притвор на лице во бегство.
Притворот е определен поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител од 2018 до 2022 година, а по разрешувањето работеше како адвокат.
