ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

Од:

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, по информации добиени од ФБИ, спроведе координирана истрага за нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“.

Според МВР, платформата била активна од јули 2023 година и функционирала преку повеќе интернет домени. Таа содржела база на компромитирани лични податоци кои се користеле за регистрација на кориснички и продавачки сметки. Евидентирани биле над 2.600 корисници и повеќе од 1.500 продавачи, додека вкупната вредност на реализираните трансакции надминала 500.000 долари.

Во рамки на акцијата, а по судска наредба од Основниот суд во Тетово, извршен е претрес во селото Голема Речица. Притоа, приведени се две лица – А.Е. (20) и А.И. (23), македонски државјани, за кои постојат сомненија дека биле администратори на платформата.

При претресот, тие биле затекнати на лице место, при што се одземени десктоп и лаптоп компјутери, како и мобилни телефони. Одземената опрема ќе биде предмет на форензичка анализа и ќе се користи како доказ во понатамошната постапка.

Од МВР информираат дека истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот, идентификација на сите инволвирани лица и обезбедување дополнителни докази.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

Танчерки од Русија, Бугарија и Србија нелегално работеле во ноќен клуб во Охрид