Фазлиу: Сите граѓани треба да имаат пристап до воедначени јавни услуги

Од:

Целта на Министерството за локална самоуправа е да се создадат услови за сите граѓани да имаат пристап до воедначени јавни услуги. Се уште се огромни развојните разлики меѓу Скопје и внатрешноста, меѓу поголемите урбани центри и руралните подрачја, што директно се одразува, не само на квалитетот, туку и на обезбедувањето на основните јавни улоги, истакна министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на денешниот Форим „Јавните капитални инвестиции и регионалниот развој и улогата на меѓуопштинската соработка“.

Тој наведе дека во Програмата на Владата на Република Македонија, реномираниот регионален развој е приоритет од аспект на системска, праведна и транспарентна распределба на средствата, најавувајќи дека во претстојниот период ќе биде изготвена нова Стратегија за регионален развој за периодот 2020-2029 година.

– Сите деца треба да учат во пристојни училишта, сите граѓани да имаат пристап до канализациона мрежа и здрава вода за пиење, патна инфраструктура до секое и во секое населено место. Исто толку посветено треба да се работи на реализирање на големи проекти кои ќе овозможат развој на едно повисоко ниво, согласно европските стандарди и предизвици, посочи Фазлиу.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска