Фазлиу: Прекуграничната соработка со соседните земји е еден од приоритетите за пристапување кон ЕУ

Од:

Прекуграничната соработка со соседните земји е еден од приоритетите на Република Северна Македонија со цел да ги унапреди, развива и вклучува нашите земји во големото семејство на ЕУ. Инструментот за претпристапна помош ИПА е инструмент преку кој ЕУ ги поддржува реформите на земјите кандидати за членство во Унијата, а средствата претставуваат сериозна инвестиција, како за иднината на земјите кориснички, така и за самата ЕУ.

Ова го истакна министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска на консултативниот форум за Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Косово.

– Преку овие проекти продолжуваме да го промовираме економскиот и социјалниот развој на прекуграничните региони, зачувувањето на културното наследство, развојот на туристичките капацитети и зајакнување на сорабатката меѓу институциите на соседните земји. Министерството за локална самоуправа како национален координатор на компонентата на прекугранична соработка прави се за успешно спроведување на програмата. Во овој нов програмски период 2014-2020 Република Северна Македонија учествува во прекуграничната соработка со пет постоечки програми Грција, Бугарија, Албанија, Косово, а сега и новата програма со Република Србија, рече Фазлиу.

Програмата за прекугранична соработка меѓу овие две земји започна да се имплементира на 15 јануари 2016 година и располага со фонд од 8,4 милиони евра за заеднички проекти и техничка помош за спроведување на програмата.

– Дел од програмата е и реализацијата на стратешкиот проект на граничниот премин Станчич-Белановце со што ќе се подобрат врските меѓу жителите од двете страни на границата и ќе се олесни транспортот и трговијата. Корисници на средствата можат да бидат општините, центрите за развој на планските региони, јавните претпријатија, националните паркови, граѓанските и невладините организации како и други непрофитни организации на овој програничен регион, соопшти Фазлиу.

Тој информира дека третиот јавен повик за предлог проекти, со фонд од 2,04 милиони евра, се очекува да биде објавен кон крајот на месецов.

– Министерството за локална самоуправа со одлука на Владата ги поддржува носителите на проектите со што им обезбедува национално кофинансирање од 15 посто од вредноста на усвоениот проект, па затоа со нашата финансиска поддршка сите проекти може полесно да се спроведуваат покривајќи им го кофинансирањето кое се бара од ЕУ, а ќе продолжи и во наредните години, рече Фазлиу.

Генералниот секретар на Министерството за администрација за локална самоуправа на Косово, Розафа Укимерај посочи дека овие процеси ќе се забрзуваат со договор за пристапување, како прв чекор за членство на двете земји во ЕУ. Додаде дека општините на двете земји ќе ја играат клучната улога во агендата на ЕУ и, како што рече, меѓуграничната соработка е една од клучните алатки за општините да се приклучат на брзата патека кон ЕУ.

– Поддршката на општините во процесот на пристапување кон ЕУ не може да се потцени. Како компетентни институции нашата улога и одговорност е адекватно да ги подготвиме општинските влади со алатките неопходни да се доведе интеграцијата на високо ниво. Оваа програма е можност да се спојат локалните потреби, да се зголеми комуникацијата меѓу општините, да се склучат партнерства со невладини организации од двете страни на границата и да се подобрат животите на луѓето во општините. Ние ќе работиме во соработка не само со Северна Македонија, туку со сите балкански соседи за да ја промовираме Европската агенда и оваа програма за меѓугранична соработка ќе ја подобри соработката меѓу општините, рече Укимерај.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска