Фазлиу на завршна конференција „Вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници – Предизвиците и препраките за во иднина“

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу учествуваше на конференцијата „Вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници – Предизвиците и препраките за во иднина“, реализирана во рамките на проектот инициран и спроведуван пд Центар за едукација и развој, Теарце и Фпрум-Центар за стратещки истражувања и документација, Скопје.

Министерот Фазлиу истакна дека Владата на Република Македонија и Министерството за локална самоуправа, надлежно за спроведување на Законот за локална самоуправа, се отворени за барањата кои што произлегуваат директно од граѓаните за преиспитување на улогата и местото на месната самоуправа во системот на локалната самоуправа во Република Македонија.

– Во моментов може да се констатира дека има месни и урбани заедници кои што функционираат, но секоја на свој начин. Во голем дел нивната функционалност зависи од подготвеноста на општината да го организира и дефинира начинот на нивно функционирање во статутот на општината. Прашањето е актуелно, индиректно ги засега сите граѓани како можност за директно адресирање на прашањата до локалната власт, но и како начин за активно вклучување во нивното решавање, рече министерот Фазлиу, кој најави дека Министерството за локална самоуправа ќе подготви и сопствена анализа, притоа имајќи ги предвид направенита експертиза од граѓанскиот сектор и добрите пракси од функционалните месни и урбани заедници.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска