Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заедно со амбасадорката на швајцарија, Сибил Зутер Техада и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, утре, ќе учествува на отворањето на Конференцијата „Зајакнување на општинските совети-нов почеток на локалната демократија”.
Во организација на УНДП, Конференцијата ќе се одржи во хотел Изгрев во Струга, со почеток во 12.30 часот.
На конференцијата се поканети претседателите на советите на сите општини.
Конференцијата е организирана во рамките на проектот Зајакнување на општинските совети, финансиски поддржан од швајцарската Влада.