Фазлиу ја презеде функцијата министер за локална самоуправа

Од:

Новиот министер за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска ја презеде функцијата од својата претходничка, досегашната министерка Ширет Елези.

На средбата, Елези на министерот Фазлиу му посака многу успех во извршувањето на функцијата.

Министерот Фазлиу изјави дека Министерството за локална самоуправа во наредниот период со изразена динамика ќе работи на имплементирање на владините политики во оваа свера, пред се на рамномерниот развој на општините и на регионите, затоа што приоритет на оваа Влада е интегрирано општество и квалитетен живот за сите граѓани без поделби по ниту една основа.

Министерот Фазлиу нагласи дека ќе работи на развојот на локалната демократија, како главен предуслов за вклучување на сите граѓани во креирањето на одлуките на локално ниво и градење на чувство на еднаквост и заеднички пристап во решавање на сите значајни прашања.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска