Фазлиу-Герберих: Продолжување на досегашната соработка со Германија

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска оствари средба со германскиот амбасадор Томас Герберих, на која било разговарано за актуелната состојба после локалните избори, како и за досегашната и можностите за идна соработка и поддршка на Министерството.

Амбасадорот Герберих исходот од локалните избори го оценил како силно изразена поддршка на реформската политика на актуелната Влада, притоа истакнувајќи дека локалните избори покажале и напредок во меѓуетничките односи.

Тој изразил подготвеност за продолжување на досегашната соработка во областите за кои што Министерството ќе покаже интерес.

Министерот Фазлиу, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал дека министерството како еден од најзначајните поддржувачи и донатори ја издвојува Германија, преку Германското друштво за меѓународна соработка/ГИЗ, со кое што бележи соработка повеќе од една деценија.

– Стратегијата за регионален развој и Законот за рамномерен регионален развој беа подготвени со техничка помош на ГИЗ, која што продолжи и во периодот на имплементација. Значајни се резултатите кои што се постигнати заедно во формирањето и зајакнувањето на капацитетите на Центрите за развој на планските региони. Во соработка со ГИЗ се подготвени Програмите за развој на планските региони и регионалните Стратегии за иновација.

Министерството, рече Фазлиу, врз основа на досегашната долгогодишна соработка и остварените резултати е заинтересирано да го обнови партнерството и поддршката на начин како што ќе биде договорен меѓу двете страни.

– Министерството за локална самоуправа е исклучително заинтересирано за продолжување на соработката, особено во областа на регионалниот развој, преку директна поддршка, како и за билатерална соработка заради зајакнување на капацитетите на Министерството и на Центрите за развој на планските региони. Секако интересна е и можноста за соработка на локално ниво, во различни области, пред се во правец на поттикнување на локалниот развој, изјавил министерот Фазлиу.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска