Фазлиу: Државен испит прво за функционерите

Од:

Пакетот закони со кои се предвидуваат реформи во високото образование меѓу кои и воведување на државен испит денеска го поминаа првото читање на собраниската Комисија за образование, наука и култура.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми образложи дека државниот испит нема да се оценува, туку ќе се користат формулации „помина“ и „не помина“ и тој нема да влијае врз просечниот успех на студентот. Ќе се полага по втора и четврта година, а за положен ќе се смета испитот доколку студентот точно одговори на 60 проценти од поставените прашања.

За пратениците од парламентарното мнозинство, се работи за предлог закони кои се во насока на подобрување на високото образование, а државниот испит нема да претставува никаква пречка за студентите туку ќе биде потврда дека поседуваат знаење.

– Во Предлог-законот добро е размислувано за секој сегмент и се детектирани и недостатоците во високото образование. Како пратеници и родители имаме голема одговорност да го подобриме квалитетот на високото образование, рече претседателката на Комисијата Олга Најденовска.

Беким Фазлиу од ДПА рече дека е потребно преиспитување на знаењето, но прво да се преиспита она на функционерите, на министрите и пратениците.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он