Фатени полски државјани кои шверцувале марихуана преку Македонија

Од:

На граничниот премин Табановце запленети се околу 14 килограми марихуана која двајца полски државјани сакале да ја прошверцуваат од Албанија преку Македонија за Полска.

Дрогата е пронајдена вчера во „рено лагуна“ управувано од 48-годишниот Д.Л., а во возилото како сопатник патувала и 46-годишната К.С. Дрогата била сместена во посебно направени отвори околу ревервната гума, кај задниот браник. Била спакувана во 45 пакетчиња облепени со селотејп и покриени со свежо мелено кафе.

– Царинските службеници се посомневале дека возилото е преправено и го издвоиле за детална контрола. Притоа, со отстранување на задниот браник и сечење на лимот, пронајдени се три отвори по должината на подвозјето, околу резервната гума. Во левиот отвор откриени се 14 пакетчиња, во десниот 16, а од средниот извадени се 15 пакетчиња, информира директорката на Царинската управа Наташа Радевска – Крстевска на денешната прес-конференција.

Од спроведените предистражни мерки утврдено е дека двете лица биле ангажирани од трето лице во Полска за 2.500 евра да ја пренесат дрогата од Поградец во Албанија. Возилото било специјално преправено во Полска од страна на лицето кое го организирало транспортот.

Полските државјани денеска ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство, а Царинската управа најави дека ќе поднесе соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он