Фатени крадците на сефот од ТА „Авто Атом“ Кочани

Од:

Полицијата ги приведе четворицата скопјени кои вчера извршиле кражба на сеф од ТА „Авто Атом“ Кочани.

– СВР Штип по преземени мерки и дејствија откри и приведе четири лица: М.К.(23), Љ.Љ.(21), А.И.(22) и  К.А.(24) сите од Скопје кои на вчера извршиле тешка кражба во  ТА „Авто Атом“ Кочани од каде одзеле метална каса – сеф. По брзата интерванција на полицијата на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани  извршен е преглед на патничкото возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки  при што е  пронајден  одземениот сеф и  лицата се приведени. Извршен е увид, запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање и документирање  на настанот ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.

Четворицата скопјани се познати извршители на вакви и слични кривични дела.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница