Фатени извршителите на кражбата во „Лукоил“ во Куманово

Од:

СВР Куманово ги фати и ги предаде на Основното јавно обвинителство разбојниците кои ја извршија кражбата на бензиската пумпа на „Лукоил“ во Куманово.

Станува збор за 22-годишниот Р.А., 21-годишниот А.А., 20-годишниот Н.А и 17-годишниот А.А, сите од Куманово и 17-годишниот К.Р од скопско Долно Свиларе.

Тие вчера околу 20 минути по полноќ отишле на бензиската пумпа лоцирана на локалниот пат Куманово-Романовце каде наполниле гориво при што влегле внатре и ја платиле сметката. Потоа заминале во објектот „Калабрија“ спроти бензинската пумпа, а околу 5 часот и 40 часот се вратиле на бензинската пумпа каде двајца од нив маскирани со фантомки влегле во објектот. Едниот од нив му се заканил на вработениот М.И. (28) по што одзел 5.000 денари.

Кражбата е пријавена во полиција од страна на вработените по што околу 9 часот се пронајдени и приведени во СВР Куманово. Извршен е претрес во нивните домови, а во објектот „Калабрија“пронајдени се одземените пари и облеката што ја носеле за време на разбојништвото.

Од страна на истражен судија на сите им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Тројца од пријавените се познати сторители на кривични дела за што им се поднесувани кривични пријави. Првопријавениот има кривични пријави за разбојништва,  напад на службено лице при вршење работи на безбедноста и тешки кражби, А.А. за убиство во обид, а Н.А. за предизвикување општа опасност, тешка кражба и кражба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР