Фатени десет илегални мигранти кај Удово

Од:

Во петокот во 22 часот, полициски службеници од Грачниниот премин „Богородица“, на клучката во село Смоквица забележале лице како товари мигранти во „BMW“ со скопски регистерски ознаки и се упатил кон село Удово.

При даден знак од полициските службеници возилото да застане, истото со зголемена брзина се упатило кон Демир Капија. Поради оштетување на гума, возилото застанало во близина на село Градец, по што сите лица се дале во бегство.

По извршеното пребарување на теренот биле пронајдени осум лица илегални мигранти од Сирија, кои во 1 часот се приведени во полициска станица.

По извршен разговор со мигрантите , тие изјавиле дека им се изгубило 7 годишно девојче, заедно со нејзиниот татко кои биле со нив, по што полицајците го пребарале поширокиот терен за пронаоѓање на девојчето и нејзиниот татко.

Полициските службеници цела вечер го пребарувале теренот, а потрагата продолжила и во текот на денешниот дена каде што околу 10.30 часот истите се пронајдени. Во текот на денот сите пронајдени мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот Центар за странци во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР