Фатен разбојникот кој на дрзок начин ги ограбуваше штипјани

Од:

Штипската полиција го фати разбојникот кој на дрзок начин ги ограбуваше штипјани. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова вели дека станува збор за 21-годишно лице, кое извршило вкупно 37 кражби врз граѓани.

– Пријавениот на 28 август минатиот месец, околу 9 часот и 20 минути на улицата „Широк дол“ во Штип, додека 61-годишна жена се движела пеш по улицата брутално ја нападнал и со удари по главата и телото и нанел повреди. Викајќи гласно и барал пари, по што насилно од вратот и го скинал и го одзел златното ланче, вели Панајотова.

Разбојникот е фатен, а заедно со 37-те кривични пријави е предаден на судија на претходна постапка, кој му одредел и мерка притвор во рок од 20 дена. Панајотова истакна и дека СВР-Штип за минатиот месец бележи зголемена ефикасност во расветлувањето на кривичните дела.

– Од областа на класичниот криминал бележиме ефикасност, односно од вкупно 62 кривични дела извршени од непознат сторител, расветлени се вкупно 30 кривични дела, со што бележиме зголемена ефикасност од 48 %, во споредба со периодот од минатата година, рече Панајотова.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски