Фатен познат криминалец во Скопје кој прерано ја извадил фантомката

Од:

Фатен разбојник во Скопје кој во последниве месец дена извршил две разбојништва во клубот за игри на среќа Мастер Бет во скопско Влае.

Станува збор за А.А. (34) викан Гринго кој во двете разбојништва успеал да собере скоро 8.000 евра. Разбојникот маскиран со фантомка и со пиштол во рацете, влегувал во казиното и од вработените барал да му ги дадат парите.

Гринго бил приведен бидејќи во вториот грабеж прерано ја извадил фантомката и ја ставил во џеб, при што го виделе случајни минувачи кои во тоа време, се движеле со својот автомобил. Тие веднаш го препознале, а полицијата го привела.

Приведениот има богато полициско досие полицијата против него поднела 22 кривични пријави од кои 17 се однесуваат на дела кои се проследени со насилство.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он