Фатен дрвокрадец во Радовиш

Од:

Во акција на Шумската полиција и полициски службеници од Полициската станица во Радовиш денеска е откриен дрвокрадец, кој со запрега превезувал буково огревно дрво.

Дрвокрадецот е откриен на влезот во Радовиш од планината Плачковица на улицата „Коџа Баир“.

Во реализирањето на акцијата присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

-Како градоначалник и општина силно ги поддржуваме акциите за откривање дрвокрадци. Апелирам до граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадци и со тоа да дадат свој придонес во спречувањето на дрокрадството, рече градоначалникот Конзулов.

Во последниот период, посебно кога во сила е забраната за движење на граѓаните, зачестија кражбите на огревно дрво во Струмичко и Радовишко, но засилени се и контролите од страна на Шумската полиција и притоа се откриени повеќе дрвокрадци.

Би можело да ве интересира

Дрвја стари од 60 до 80 години исечени на Шар Планина во зоната на активно управување

Изгореа деловен објект и помошна просторија во Радовиш

Уапсен маж од радовишко, предизвикал пожар кај „Раклишки чаири“

(ВИДЕО) На Скопска Црна Гора запленети 400 кубици бесправно исечено огревно дрво, приведени 10 дрвокрадци

Приведен дрвокрадец во општина Чашка

Дрвокрадци фрлале дрва кон полицајци, па возило на МВР излета од патот