Фатен дрвокрадец во Радовиш

Од:

Во акција на Шумската полиција и полициски службеници од Полициската станица во Радовиш денеска е откриен дрвокрадец, кој со запрега превезувал буково огревно дрво.

Дрвокрадецот е откриен на влезот во Радовиш од планината Плачковица на улицата „Коџа Баир“.

Во реализирањето на акцијата присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

-Како градоначалник и општина силно ги поддржуваме акциите за откривање дрвокрадци. Апелирам до граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадци и со тоа да дадат свој придонес во спречувањето на дрокрадството, рече градоначалникот Конзулов.

Во последниот период, посебно кога во сила е забраната за движење на граѓаните, зачестија кражбите на огревно дрво во Струмичко и Радовишко, но засилени се и контролите од страна на Шумската полиција и притоа се откриени повеќе дрвокрадци.

Би можело да ве интересира

Двајца малолетници запалија автобус паркиран пред училиште во Радовиш

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Кривичниот суд одреди по 30 дена притвор за 12 припадници на „шумската мафија“

Горан Наумовски

48-годишен возач со автомобил удри во маж кој бил во инвалидска количка

Со моторна пила им се заканувале на шумски полицајци, четворица приведени

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко повредено е момче, со возило излетало од патот