Фатен дилерот од Кичево кој избега од затворот во Шутка, директорот: Сега ќе биде сместен во затворениот дел

Од:

Полицијата го пронајде затвореникот Ариф Алили од Кичево, кој издржува казна затвор во затворот „Скопје“ со Шутка. Тој треба да издржи уште осум месеци од три годишната казна која му е изречена. Информацијата за „А1он“ ја потврди директорот на затворот, Филип Андов.

„Осуденикот е пронајден и вратен во затворот. Пред да се оддалечи од затворот, беше сместен во отворено одделение. Со неговата постапка, односно прекршувањето на Правилникот на затворот, сега, тој ќе биде сместен во затворено одделение“, вели директорот за „А1он“.

Прашан зошто не го превенирале бегство на затвореникот, Андов кажа: „Мораме да ги почитуваме правилата, како осудените лица, така и ние. Не можеме да функционираме како логор, туку како установа од која ќе извира ресоцијализација. Осуденикот за кој прашувате имал примерно однесување, не го прекршил куќниот ред, постапувал според сите прописи. И затоа бил сместен во отворениот дел на затворот. По последните настани, тој ќе биде сместен во затворениот дел од затворот, за да ова не се повтори“.

„А1он“ побара информации и од МВР за тоа каде е пронајден осуденикот, од каде најавија информации за подоцна.

Би можело да ве интересира

Се истепале затвореници во Шутка, еден завршил во болница

Катерина Ѓуровски

Инцидент во истражниот затвор „Скопје“: Осуденик претепал полицаец

Затворениците ќе штедат зимава, директорот на затворот во Шутка: Доаѓа тешко време

Кристијан Ландов

Андов контра Зибери: Во затворот има вода за пиење, достапна за сите

Кристијан Ландов

Затвореници во „Идризово“ спијат на под со бубашваби, но и по 16 лица на осум кревети

Кристијан Ландов

Затворениците од затворот во Шутка донираа крв за повредените во Украина