Фатен бегалец од штипскиот затвор осуден за убиство

Од:

Фатен е бегалец од затвор, осуден за убиство на затворска казна од осум години, информираше Министерството за внатрешни работи. Пред повеќе од две години побегнал од затворот ов Штип.

– Денеска (23.10.2025) околу 07:10 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек потрага во с. Манастирец, општина Росоман, од слобода е лишен Б.Л.(38), кој бил баран по централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Штип од 18.08.2023 година. Б.Л. е осуден за сторено кривично дело по чл.123 (убиство) на казна затвор во траење од осум години, а за доиздржување има уште четири години, девет месеци и 24-денови. Б.Л. е предаден во КПУ Затвор Штип, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија