Фамилијата си мести и 30-годишен бизнис со гас, додека губи Македонија, ќе одговараат!

Од:

Граѓаните на Струмица и Куманово веќе 5 години го користат гасот како евтин и еколошки енергенс. Според теренските информации сите институции во градот имаат заштеди на трошоците над 50 проценти и овие пари веќе си ги користат за други потреби. Граѓаните на Струмица се меѓу единствените во Македонија кои не дишат загаден, туку чист воздух, реагираат од СДСМ.

-Овие поволности, финансиски и еколошки, што ги имаат граѓаните на Струмица, можеа досега да ги имаат и граѓаните на Македонија, да имаше државава одговорна власт.

Неодговорната, криминална власт на обвинетиот Никола Груевски 10 години не ја гасифицираше Македонија, туку лично се богатеше преку стиропор политики.

Сега, на 3 месеци oд заминувањето, криминалната власт на обвинетиот Груевски се обидува да влезе во најкорупцискиот тендер од нивното владеење, во бизнис со гас.

Фамилијата во предизборие сака да даде концесија на 30 години, на фирма којашто наводно во иднина треба да изгради дистрибутивна мрежа за природен гас!

Малку им беа на Груевски и соработниците потрошените милиони евра пари на граѓаните за физибилити студии и тендерски документации, иако гас нема, сега си смислија и фирма за бизнис со гас!

Порачуваме дека овој криминал нема да го дозвоолиме и ќе има длабока ревизија за се што прават Груевски и фамилијата во деновите во заминување што им се бројат.

Никој да не помисли да им помага на обвинетиот Груевски и фамилијата на власт, бидејки за скандалот ќе има одговорност!

По промените во декември, со чесно и економично работење, по примерот на Струмица и Куманово ќе ги гасифицираме сите градови во Македонија, посочуваат од СДСМ во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски