Фалкони: Во Брисел на Скопје и на Тирана им кажавме „да, но“ и „да,ако…“

Од:

Новиот француски амбасадор во Србија, Жан Луј Фалкони, во интервјуто за белградската агенцијата „ФоНет“ изјави дека „Франција му предложила на Советот на Европската унија да ја разгледа идејата за модернизирање на процесот на проширување, што ќе им овозможи на земјите-кандидатки во одредени области каде ги исполниле критериумите, побргу да започнат да ги користат нејзините придобивки, наместо да чекаат да заврши процесот.“

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Фалкони тврди дека на Северна Македонија и на Албанија не им било кажано „не“ во Брисел и не добиле негативен одговор кога станува збор за почеток на преговорите, туку таа одлука, како што објасни, не е донесена сега затоа што, и покрај големите напори на тие земји, особено со постигнување на Преспанскиот договор, земјите требаше да спроведат некои реформи, што не ги направија.“

– Во Брисел, за Скопје и во Тирана им беше кажано „да, но“ и „да ако“, објасни Фалкони, најавувајќи дека почетокот на преговорите ќе уследи веднаш штом тие земји ќе ги завршија потребните реформи, особено во областа на човековите права и борбата против криминалот, што е услов за сите земји што се стремат кон членство во ЕУ.

Тој прецизираше дека едноставно е кажано дека на ова прашање веројатно ќе се вратиме пред следниот самит со Западен Балкан, што треба да се одржи во мај.

На прашањето дали притоа се прекршени ветувањата и дали ова им го отвора патот на другите лидери во регионот да не го исполнат она што се очекува од нивните земји, Фалкони одговори: „Ние секогаш им кажуваме на кандидатите многу јасно што треба да сторат. Проширувањето не е емотивен процес, туку процес што има политички последици и ја зема предвид состојбата на државата, состојбата на општеството, земјата како целина и нејзината економија, за што се потребни ефективни реформи”.

Фалкони во врска со дијалогот Белград-Приштина, изјави дека „ангажманот на САД е добредојден, но Франција нема да има свој преставник во тие преговори.“

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната