Фајон: Нема аргументи за суспендирање на визите

Од:

Засега нема вистински аргументи за суспензија на визниот режим за земјите од Западен Балкан, изјави денеска европратеничката Тања Фајон, член на Комитетот за цивилни слободи, правда и внатрешни работи на ЕП, која денеска и утре учествува на Парламентарен семинар во македонското Собрание.

– Во Европскиот парламент усвоивме еден лош компромисен механизам. Значи опасност постои за воведување визи за една или повеќе земји од Западен Балкан, но таа опасност постои доколку е висок бројот на азиланти од регионот. Засега вистински аргументи за земјите членки во принцип нема, изјави Фајон.

Од земјите од Западен Балкан само во Босна и Херцеговина е многу зголемен бројот на азиланти оваа година, но од друга страна, вели Фајон, земјите како Македонија и Србија направија многу позитивни мерки.

– Треба да работиме секогаш. Добро е граѓаните да ги знаат правата, но и кои се ограничувањата на слободата и движењето. Владите и натаму треба да ги исполнуваат сите мерки кои се битни, изјави европратеничката.

Кога станува збор за Македонија предупредува дека директна опасноста дека суспензија на визниот режим може да се случи денеска или утре нема, но предупредува дека доколку се влоши состојбата со бројот на азиланти мнозинство во Советот веќе постои.

– Веќе имаше неколку обиди во минатото визниот режим во неколку земји да биде суспендиран. Којзнае какви ќе бидат властите во Европа. Целата ситуација денес не е поволна кога е во прашање слободата на движењето, не само безвизниот режим туку и шенгенските правила за слобода на движење во Европа.Така што тешко е да се каже во која ситуација е Македонија. Мерките се доволно добри, но од друга страна мораме да бидеме претпазливи кога станува збор за Ромите. Тука треба да бидеме внимателни и да немаме мерки кои се дискриминаторски, изјави Фајон.

Механизамот за суспензија на визниот режим, кој се уште не е усвоен од Советот на министри, според Фајон, е лош поради тоа што Европскиот парламент повеќе нема да има демократска контрола на самиот процес.

– Кога некоја земја на Унијата ќе одлучи и ќе има поддршка од повеќе членки на Унијата тогаш е можно многу бргу да дојде до суспензија. Затоа јас во Парламентот барав да не се гласа по овој предлог бидејќи се плашам дека некои земји би можеле да го искористат овој механизам како некој политички притисок на властите поради различни причини, изјави таа.

Европратеничката се уште, како што вели, се надева дека нема да дојде до активирање на овој механизам.

– Комисијата рече дека ова ќе биде само крајна мерка во случај доколку има огромен број азиланти. Но од друга страна знаеме дека во механизмот стои период од седум години. Знаеме дека земјите-членки можат да го разгледуваат и да го коментираат бројот на азиланти седум години наназад. Тешко е да се шпекулира која земја би можела да го искористи, вели Фајон.

Стравува дека доколку се активира механизмот и ЕУ ќе го изгуби кредибилитетот бидејќи во прашање е слободата на движење и самиот процес на проширување во Западен Балкан, а многу е важно границите да се задржат отворени.

– Се надевам дека ќе ја имаме таа политичка сила и дека нема да надвладеат оние националистички или популистички сили во Европа кои би барале суспензија, изјави Фајон.

Би можело да ве интересира

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Литванија сака регионално решение доколку ЕУ не се согласи да ги забрани туристичките визи на Русите

Од февруари лотарија за термини за визи за Германија