Фајон: Доаѓаме во Македонија со позитивни пораки, очекувам да разговараме и за механизмот за укинување на визите

Од:

Европратеничката задолжена за визна либерализација на земјите од Западен Балкан, Тања Фајон, во изјава за дописникот на МИА од Брисел најавува посета на Република Македонија следната недела, со акцент на моментот дека очекува некој во Скопје да ја праша и за механизмот што Европскиот парламент го изгласа во однос на можно укинување на безвизниот режим.

Според Фајон, која е дел од групата на социјал-демократите во Европарламентот, нејзиното доаѓање во Македонија, зедно со неколку други европратеници е најавено за в понеделник, а причината е заедничката конференција за транспарентноста меѓу ЕП и македонското Собрание.

– Јас во Македонија доаѓам како пријател, вели Фајон. Заедно со Едвард Кукан и останати колеги од Европскиот парламент, доаѓаме в понеделник на заедичка конференција со македонскио парламент на тема транспарентност, додава словенечката пратеничка во европскиот законодавен дом.

Според Фајон, нема ништо спектакуларно во посетата на европратениците на Македонија од причина што оваа заедничка конференција е договорена уште во мај оваа година и е дел од редовната комуникација меѓу ЕП и македонското Собрание.

– Не доаѓаме во контекст на извештајот на Европската комисија, ниту за Резолуцијата на Европарламентот. Причината е конференцијата на тема „транспарентност” и нема ништо друго на маса за разговор, вели Фајон.

Сепак, според пратеничката во ЕП од Словенија, таа очекува, како европратеник задолжен за визната либерализација на земјите од Западен Балкан, да биде прашана и да разговара со некого од македонските власти во однос на усвоениот механизам од страна на Европарламентот за можно укинување на безвиниот режим на Македонија и останатите на кои Европската унија им ги отвори вратите пред неколку години.

– Изминатиот период, по воведувањето на механизмот за можна привремена суспензија на безвизниот режим, јас пренесов се што треба на македонските власти со цел да се избегне примена на истиот. Сепак, очекувам да разговараме и на оваа тема. Во Македонија доаѓаме да пренесеме позитивни пораки од Брисел, завршува Фајон во изјава за МИА.

Би можело да ве интересира

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Литванија сака регионално решение доколку ЕУ не се согласи да ги забрани туристичките визи на Русите

Од февруари лотарија за термини за визи за Германија