Фаик Арслани е избран за ВД претседател на Врховниот суд

Од:

Врховниот судија, Фаик Арслани е избран за ВД претседател на Врховниот суд, откако претходно Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Арслани е роден во 1959 година во селото Добридол – Гостиварско. Студиите ги завршил на Правниот факултет во Нови Сад во рамки на Југославија.

Во неговата биографија стои дека бил вработен во Опшинското јавно обвинителство – Гостивар, по што работел и како претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар.

Од 1996 година до 2001 година бил судија при Основниот суд Гостивар. Во следните две години е назначен за министер за Локална самоуправа при Владата, а потоа до 2008 година работи како адвокат со седиште во Гостивар. Од 2008 година, Арслани е член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со Одлука на Собранието. Од септември, две години подоцна работи како судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он