Фабриката „Фалко“ во Крушево нема да работи, вработените во самоизолација

Од:

Според информациите од Заводот за јавно здравје Прилеп општина Крушево има две лица заразени со корона вирусот, а се преземаат мерки за детектирање на сите луѓе со кои комуницирале заболените.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски апелира на смиреност и ги увери граѓаните дека сите неопходни мерки се преземаат.

Во насока на спроведување дополнителни мреки за адресирање на ширењето на вирусот општина Крушево и сите засегнати служби и институции ќе ги преземат следните чекори:

1. Се поставува пунктовско работење на влезовите од Крушево од страна на полициски службеници и патроли по населените места кои ќе преземаат соодветни мерки при поголеми собирања и непочитување за време на полицискиот час;

2. Фабриката за конфекција ,,Фалко” во Крушево од утре нема да работи, вработените ќе бидат во самоизолација;

3. Се преземаат мерки од страна на инспекциските служби и Центарот за Јавно Здравје од Прилеп за испитување на други граѓани кои биле во контакт со заболените;

4. Се забрануваат посети и собирања во групи од страна на граѓани кои вообичаено овој период во Крушево се групираат по куќни имендени;

5. Сите граѓани кои имаат симптоми на покачена температура, кашлица, трески веднаш да се јават на матичните лекари, но и тие кои биле во контакт со потенцијално заразени или во контакт со лица кои дошле од странство. Да се избегнува самоволно самолекување со цел прикривање на настинка или евентуално вирусот. Граѓаните можат да го контактираат и Центарот за јавно здравје Прилеп.

„Општината ги презема сите неопходни мерки за превенција од ,корона вирусот како што е дезинфекција, набавивка на доволен број на заштитни визири, маски и ракавици со кои ги заштитуваме службите кои директно се изложени на ризик од инфицирање и заболување, птоа скафандери и друг тип на заштита“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски