Евростат: Очекуваниот животен век на Македонците – 75,4 години

Од:

Очекуваниот животен век на просечен граѓанин на Македонија е 75,4 години, што е за 5,6 години пократко од жителите на ЕУ кои во просек живеат 81 година, покажува истражување на Евростат.

Најдолг животен век во Европа, според проценките на Евростат, се очекува да имаат Швајцарците 83,7 години и Шпанците 83,5 години, а најкраток Бугарите и Литванците 74,9 години.

Од државите во регионот најдолг очекуван животен век имаат Грците 81,5 и Словенците 81,2 години. Просечниот очекуван животен век на граѓаните на Албанија е 78,5, на Црна Гора 76,5, а на Србија 75,7 години.

По Швајцарците и Шпанците, најдолгo во Европа ќе живета Италијанците 83,4 и Французите 82,7 години.

Податоците што ги објави Евростат се изработени врз основа на очекуваниот животен век на новородените деца во Европа во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Околу 13,2 милиони луѓе се невработени во ЕУ

Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години, во Македонија 73,2 години

Евростат: Бугарија е држава со најмалку среќни луѓе

A1on

Македонците преферираат да живеат во сопствени домови, Германците и Швајцарците во изнајмени

Ана Ололовска

Цената на јајцата во ЕУ за една година во просек зголемени за 30 отсто

Горан Наумовски

Евростат: Од почетокот на година речиси двојно намален европскиот увоз на енергија од Русија

Ана Ололовска