Европските Зелени застанаа во солидарност со членовите на Собранието на Република Македонија и нападнатите новинари

Од:

„Европските Зелени најостро го осудуваат нападот на Собранието на Република Македонија од страна на националистички насилници. Изразуваме солидарност со пратениците и новинарите кои беа нападнати. Ги повикуваме сите страни во Македонија да покажат разумност и да се воздржат од насилство.

Политичката одговорност за ескалација на тензиите во Македонија ја имаат поранешниот премиер Груевски и претседателот Ѓорге Иванов, кои не сакаа да го испочитуваат исходот од последните парламентарни избори, спречувајќи го лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата Влада за која постои собраниско мнозинство. Веднаш мора да престане попречувањето и блокадата на политичкиот процес. Ги повикуваме високиот претставник Федерика Могерини и комесарот Хан да ги искористат сите расположиви можности за надминување на оваа состојба и за политичка нормализација во Македонија“ рекоа копретседателите на Европската Зелена Партија, Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони коментирајќи ги последните настани во македонското Собрание.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик