ДОМ информира дека добива силна поддршка од Европските Зелени за претстојните парламентарните избори.
-Во пресрет на изборите копретседателите на Европските Зелени, Евелин Хојтебрук и Томас Вајтц се обратија до македонските граѓани. Европратеникот Вајтц истакна дека Европските зелени се залагаат нашата земја што побргу да ги започне пристапните преговори со ЕУ, велат од ДОМ.
☘ Секогаш ни е драго кога нашите пријатели од Европското Зелено семејство ја препознаваат нашата борба за #ЗеленаИднина!Evelyne Huytebroeck, копретседателка на Европските Зелени со силна поддршка кон ДОМ на претстојните избори!_______#иднинатаезеленаГласај за ДОМ дел од коалицијата #Можеме!Заокружи број 3!
Posted by ДОМ on Среда, 08 јули 2020
Оттаму потенцираат дека Европските Зелени ја ценат посветеноста на ДОМ во борбата за заштита на животната средина и климата, за социјална правда, еднакви можности за сите.
"Северна Македонија што побрзо да почне преговори со ЕУ" – Томас Вајтц, ко-претседавач на Европските Зелени и европратеник
Posted by ДОМ on Среда, 17 јуни 2020
-Тие ќе продолжат силно да го поддржуваат ДОМ и Македонија во спроведувањето на зелените политики, како премин од јаглен кон обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, борба со загадувањето, велат од ДОМ.