Европските либерали: Ситуацијата во Македонија е многу сериозна

Од:

„Либералите низ Европа изразија длабока загриженост за иднината на демократската стабилност во Македонија, по откритијата за шокантни злоупотреби на власта – напаѓајќи ја самата срж на либералните и демократските вредности.

Европските либерали се едногласни во загриженоста и повиците за пресметки, од ескалацијата на масовниот прислушувачки скандал, кој му се заканува на владеењето на правото и на демократските идеали.

Жорди Ксукла, претседател на АЛДЕ  (Сојуз на либерали и демократи во Парламентарно Собрание на Совет на Европа) изјави дека со огромна загриженост се следи политичката криза во Македонија“, се вели во соопштението на ЛДП.

„Како Претседател на АЛДЕ, ќе се обврзам да го известам Мониторинг Комитетот во Советот на Европа за тежината на ситуацијата, охрабрувајќи ги да преземат соодветни дејства“, рече Ксукла.

Словенецот Иво Вајгл, официјален известувач за напредокот на Р. Македонија при Европскиот Парламент – земја-кандидат за членство во Европската Унија, за лондонски “Гардијан“ изјави дека ситуацијата во земјата е „многу сериозна“.

„Не сакам да предвидувам катастрофални сценарија, но мора да се забележи дека таму има многу отворени проблеми, остри зборови дури и говор на омраза“, изјави Вајгл.

Нагласувајќи ја важноста за одлучувачка акција, Вајгл додава: Ова сме го виделе и претходно на Балканот, се’ почнува вака. Не смее да се потцени ситуацијата. Многу е сериозно, мора да и’ помогнеме на Македонија.

„За време на состанокот во централата на Либералната Интернационала, минатата недела, директорот на Канцеларијата за Демократски институции и Човекови Права (ОДИХР) при ОБСЕ, Мајкл Линк и’ порача на Владата на Р. Македонија дека треба напорно да  работи за подигнување на демократските стандарди.

„Сегашниот развој е показател дека Македонија мора да одработи многу повеќе со цел комплетно да ги испочитува стандардите на ОБСЕ кои се однесуваат на човековите права и демократското владеење. ОДИХР е подготвена да помогне“, рече Линк.

Пред само еден месец, за време на партискиот конгрес, новоизбраниот претседател на членката на Либералната Интернационала – ЛДП, Горан Милевски, во својот говор зборуваше за скандалот со прислушкување. Милевски го изрази и ставот на партијата во однос на “недостатокот од доверба во капацитетот на државните институции во Р. Македонија,  да се справат со случај во кој и тие се длабоко инволвирани“, рече претседателот на ЛДП, Милевски.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа