Европските либерали до Зајкова: Ни треба силна либерална партија која ќе се бори против национализмот со европска агенда

Од:

Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, Либерално-демократската партија денеска одржа осми конгрес за избор на партиски претседател, на кој досегашната потпретседателка Моника Зајкова, го наследи досегашниот лидер Горан Милевски, кој партијата ја водеше од 2015 година.

Од гостите од странство, поддржувачи на ЛДП, на конгресот се обратија Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги, членка на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.

– Соработката со македонската Либерално демократската партија е на високо ниво и многу ми е драго што пратеничката Зајкова перманентно ги брани либерално демократските вредности и претставува нова генерација политичари, рече Роман Јакиќ претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа.

Според него она што е важно на Европа и светот се потребни вакви нови лидери кои ќе ја однесат Северна Македонија во ЕУ, да ни обезбедат добро здравство и образование, подобар систем, а нивната енергија е повеќе од потребна како борба против популизмот и национализмот.

– Ни треба силна либерална партија која ќе се бори против национализмот и остварување на големи држави на Балканот, иако Западен Балкан се врати на патот во ЕУ, постои се наголемо ангажирани со стратегија на овој дел кои ја рушат западната либерално демократска агенда, додаде Јакиќ.

Лилијана Танги, пратеничка и членка на комисијата за надворешни работи во Франција се надоврза: „Ние сме ваши пријатели и може да потврдиме дека шесте земји од Западен Балкан се членови на европското семејство и мора да се приклучат кон ЕУ иако Франција не беше многу заинтересирана на овој регион, но сега може со сигурност да кажам дека Западен Балкан е следен приоритет на земјата и на новата влада од која ние како либерали сме дел веќе шест години и продолжуваме и понатаму.“

Според неа европската заедница е добра политичка платформа и преку неа граѓаните ќе почувствуваат дека ЕУ дава поддршка и ќе има дијалог на различно ниво и сите може да дадат предлози и придонес за да се промовира либерална и солидарна Европа која на тој начин ќе биде посилна.

– Бугарија е со вас, а партиите треба да градат мостови, а не да ги рушат и да не размислуваат како да не разделат туку да не обединат, и да не се враќаат во историјата за да создаваат конфликти, рече Хамид Хамид, потпретседател на Либералната Интернационала.

Според него оценката за работата на една партија се дава на избори, а на Конгрес се дава оценката за работата на раководните лица, а ЛДП во Северна Македонија има голем придонес за членството во НАТО и патот кон ЕУ.

Покрај делегатите, на конгресот присуствуваа и гостите претставници на политичките партии од земјава и странство, како и соработници на ЛДП, ВВД од Холандија, Движењето за права и слободи од Бугарија, Либералната партија од Црна Гора, Движењето ма Слободни Граѓани од Србија, Хрватска народна партија-Либерални демократи, Наша Партија-Босна и Херцеговина, Демократската Партија од Косово и Слобода од Словенија.

Гостите упатија порака дека либералите ќе донесат конкретни проекти за инвестиции кои треба да го подобри животот и со тоа ќе ја помогне интеграцијата на овој регион во ЕУ. Ќе се подобри стандардот и ќе има надеж затоа што во Западен Балкан има талентирани луѓе кои ја напуштаат земјата, особено младите, а задачата на ЕУ е да им се даде можност и перспективи за да останат во своите земји.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа