„Европскиот воз“ од Скопје пристигна во Солун

Од:

Од Скопје, преку Гевгелија и Идомени, „европскиот воз“ во рамките на „Connecting Europe Express“, кусо по 12 часот пристигна во Солун, каде што го пречекаа заменик-министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Михалис Пападопулос и претседателот и извршниот директор на грчката железница Спирос Патера.

Папдопулос рече дека европската година на железницата е „голема можност да се промовира железницата како одржлив, иновативен и безбеден начин на транспорт“ и истакна дека во железничката мрежа, Солун може да стане центар во регионот и порафи географската положба и поради економската динамика.

-Визијата за трансформирање на Северна Грција, а особено на Солун во транзитен центар во јужна Европа може да се реализира преку надградба на железничките врски со соседните земји. Ова, можеме да го постигнеме сите заедно, институциите, граѓаните и бизнисите со преземање иницијативи и спроведување активности на европско, национално, регионално или локално ниво, рече заменик-министерот за транспорт и инфраструктура на Грција.

Попладнево, возот ќе пристигне во Атина, од каде што утре претпладне повторно ќе се врати во Солун и преку граничниот премин Кулата ќе замине за следната дестинација – Бугарија.

„Европскиот воз“ во рамки на „Connecting Europe Express“, што синоќа беше на железничката станица во Скопје, предвидено е да посети 26 земји од Европа.

Патувањето го започна на 2 септември во Лисабон, Португалија, а ќе го заврши, на 7 октомври во Париз, Франција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство