„Европски фронт“ ќе ги обжали донесените одлуки за приговорите

Од:

Елми Азири од „Европски фронт“ на денешната прес-конференција информира дека до Управниот суд ќе ги обжали донесените одлуки за приговорите што се однесуваат за Петтата и Шестата изборна единица.

– Ве известуваме дека веќе ги алармиравме сите надлежни институции и меѓународниот фактор бидејќи имаме точни информации дека во петокот преку политички притисок им биле дадени партиски инструкции на членовите на Државната изборна комисија од нивното седиште. Нагласуваме дека овие дејствија претставуваат кривични дела и „Европскиот фронт“ ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе ги искористи сите демократски форми за заштита на слободниот глас на граѓаните. Во таа насока, ве известуваме дека веднаш по донесувањето на одлуката истото ќе го обжалиме и до Управниот суд, рече Азири.

Азири смета дека донесената одлука за прегласување на некои избирачки места во Петтата и Шестата изборна единица е неправедно и со надгласување како во времето на едноумието.

„Европскиот фронт“ апелира до институциите да постапат според законот без да прифатат притисоци од политичките партии. Ја повикуваат меѓународната заедница будно да ја следи ситуацијата затоа што, како што рече Азири, повторно се инсталира заробената држава, надгласувањето и етничката мајоризација.

Би можело да ве интересира

Абази: Фирма блиска на пратеникот Елми Азири добила тендер за јавни набавки во Државна лотарија

Европски фронт: Не чепкајте го албанскиот јазик

Катерина Ѓуровски

Пратениците од Европски фронт ја напуштија седницата на Собранието поради Законот за игри на среќа

„Европскиот фронт“ обвини дека Таравари врши психолошки притисок врз организациските директори за да се повлечат

Горан Наумовски

„Европски фронт“: ВЛЕН денеска извади лага која повеќе наликуваше на траги-комично шоу оправдувајќи ја партијата за улогата на министерот и вазал на ВМРО

Горан Наумовски

Средба помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт, изразена поддршка за измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа